НИКОЛОСКИ ГО ПРЕДИЗВИКА ЗАЕВ Личните карти како и канадерите, дали го местат тендерот?
И во моментов има закон според кој може да се издаваат лични карти, не е дека во Македонија нема закон за лични карти. Па како сите ние имаме лични карти, како се издавале лични карти во минатото. Секако, според закон, рече Николоски.
Голема манипулација прави Зоран Заев со личните карти. Еве да фрлам ракавица, дали причината поради која нема лични карти е обидот да се намести тендерот за обрасци за лични карти, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Жешко политичко лето“ што се емитува на телевизија Канал 5.
– Мислам дека јас секогаш се обидувам кога настапувам вака јавно да кажам многу работи кои екслклузивно, прв пат илзегле. Еве да прашам дали причината е тоа што се прави обид да се намести тендерот за обрасци за лични карти. Зошто? Затоа што и во моментов има закон според кој може да се издаваат лични карти, не е дека во Македонија нема закон за лични карти. Па како сите ние имаме лични карти, како се издавале лични карти во минатото. Секако, според закон – посочи Николоски.
Според Николоски власта мисли само на местење тендери.
Прашањето е, додаде тој, „дали ова тактизирање од страна на власта е заради овој обид сличен како канадерите за гаснење на пожари кои намерно не беа сервисирани со цел да дојдеме во ситуација да гори пола Македонија и да мора да се сервисираат со договор во 4 очи кој може да е коруптивен, наместен“.