ГРАДАТ ЅИД ДОЛЖ ГРАНИЦАТА СО ИРАН Турција во обид да ги спречи авганистанските мигранти (ВИДЕО)

Турција веќе прими милиони бегалци од Сирија, а земјата се плаши од нов прилив на мигранти од Авганистан, па затоа беше одлучено да се изгради бариера долга 295 километри со бодликава жица.

508

Турција гради бетонски ѕид долж границата со Иран за да го спречи приливот на мигранти од Авганистан.

Илјадници луѓе сакаат да го напуштат Авганистан откако Талибанците ја зазедоа речиси целата земја.






Според АФП, а пренесува Гардијан, Турција гради бетонски ѕид на границата со Иран со цел да го спречи приливот на мигранти, претежно од Авганистан.

Турција веќе прими милиони бегалци од Сирија, а земјата се плаши од нов прилив на мигранти од Авганистан, па затоа беше одлучено да се изгради бариера долга 295 километри со бодликава жица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му предложи на лидерот на Талибанците да остварат средба и да разговараат.

 

Поврзани содржини