Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата.
– Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам малку повеќе време со моето семејство -соопшти Ѓоковиќ.
Оваа година, Србинот победи на првите три Гренд слем турнири. Во Њујорк, тој може да стане првиот тенисер од 1969 година што формирал календарски Гренд слем.