Италијанската манекенка што прва се зарази со корона, сега има делта сој ФОТО

Наивно верував дека не треба да се вакцинирам по инфекцијата. Направив и серолошки тест, имав повеќе антитела и верував дека сум заштитена. Сега ги имам истите симптоми како и пред година и пол: висока температура, главоболка, кашлица, болка по целото тело. Се надевам дека нема да завршам повторно во болница три месеци, вели Бјанка.

1,029

Првата пациентка заразена со коронавирусот минатата година во Болоња, сега е повторно инфицирана со делта варијантата на вирусот, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“.

„Вакцинирајте се, не правете глупости како мене“, пораче 24-годишната Бјанка Доброја.






Бјанка е модел, со романско потекло, а минатата година се лекувала во болница цели 80 дена откако била заразена со ковид-19.

– Наивно верував дека не треба да се вакцинирам по инфекцијата. Направив и серолошки тест, имав повеќе антитела и верував дека сум заштитена. Сега ги имам истите симптоми како и пред година и пол: висока температура, главоболка, кашлица, болка по целото тело. Се надевам дека нема да завршам повторно во болница три месеци – вели Бјанка.

Таа додава дека е жив пример дека од ковид е можно да се разболи двапати и дека не треба да се ризикува, туку треба да се вакцинира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Dobroiu (@dobroiubianca)

Поврзани содржини