Пожарот утрово го гаснат два хеликоптера, а Вучиќ ќе ни прати уште четири

Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија, најави премиерот.

929

Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица. Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Сите сили и капацитети на системот, како што пишува премиерот, се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.






„Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот. Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето. Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици“, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Поврзани содржини