Пандев, сепак, не се пензионира од фудбалот: Ќе игра уште една сезона во Џенова
Информацијата ја соопштија добро информирани новинари на Скај, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Горан Пандев решил да одигра уште една сезона во дресот на Џенова. Тој наскоро ќе седне со раководството на клубот да ги договори деталите.
Информацијата ја соопштија добро информирани новинари на Скај, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Пандев, минатиот месец на ЕУРО 2020, соопшти дека става крај на репрезентативната кариера.последен натпревар во репресентативниот срес беше со Холандија. Тогаш не беше јасно дали Пандев се пензионира од играње.