Ресенчанец лажел дека има поставено бомби на повеќе локации во Охрид, полицијата го привела

Како што е наведено во полицискиот билтен, против 46-годишниот З.И. од селото Горно Крушје, Ресенско, поднесена е кривична пријава за загрозување на безбедноста и лажно пријавување кривично дело, а Судот му определил мерка притвор.

361

Четириесет и шестгодишен ресенчанец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, против 46-годишниот З.И. од селото Горно Крушје, Ресенско, поднесена е кривична пријава за загрозување на безбедноста и лажно пријавување кривично дело, а Судот му определил мерка притвор.






„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З .И. (46) од селото Горно Крушје, Ресенско. Пријавениот во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид“, соопшти МВР.

Поврзани содржини