Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“, жалбите на Боки 13 и на Јанева биле неосновани
Јовановски според пресудата што лани во јуни ја соопшти судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Максевка доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.
Апелацискиот суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и на Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда.
– Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди – се вели во информацијата од Апелацискиот суд.
Јовановски според пресудата што лани во јуни ја соопшти судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Максевка доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.
Освен затворските казни, во пресудата има одлука и за конфискација на запленетите работи од Јовановски, меѓу кои имаше 70-тина вреќи брендирана облека, уметнички слики, мебел.