ВМРО-ДПМНЕ: Заев го крши Уставот со датумот што го нуди за изборите ВИДЕО
Согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека секогаш пред изборите партиите преговарале за датумот на одржување на изборите и за препораките на ОБСЕ и ОДХР, откако денеска премиерот Зоран Заев рече дека предлог било локалните избори да се одржат на 31 октомври за да не се поклопат со пописот.
„Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Исто така, Уставот е над се’ и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно, согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија посочуваат дека доколку аргументот на Заев е одржувањето на пописот, тогаш може да се одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.