Расте бројот на исчезнати во урнатиот облакодер, се трага по 99 луѓе
Семејството на првата дама на Парагвај исчезнала при уривањето на облакодерот, потврди парагвајското Министерство за надворешни работи.
Спасувачките екипи трагаат по 99 лица за кои се верува дека биле во облакодерот во Мајами во време на неговото уривање.
Во делот на облакодерот кој се сруши имало околу 55 станови. Досега потврдена е смртта на едно лица, а околу 40 повредени се извлечени од под урнатините.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатиот облакодер.
– Но, ние се подготвуваме за лоши вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци – рече ДеСантис.
Причината за падот на облакодерот изграден во 1981 година сè уште не е позната. Потврдено е дека градежни работи се изведувале на покривот на зградата, но не е познато дали тие предизвикале колапс.
Семејството на првата дама на Парагвај исчезнала при уривањето на облакодерот, потврди парагвајското Министерство за надворешни работи.