Тешка измама со криптовалути: Браќа исчезнаа со 3,6 милијарди долари, елитна единица трага по нив

764

Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со вредност од 3,6 милијарди долари во криптовалутата биткоин. Тие пари ги добиле со измама преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути, пишува Блумберг.

Инвеститорите сега ангажираа адвокатска фирма од Кејп Таун, од каде велат дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле на т.н. „Орли“, елитната единица на националната полиција на Јужна Африка.






По зголемувањето на вредноста на биткоинот во изминатата година, исчезнувањето на околу 69 илјади биткоини – вредни повеќе од четири милијарди долари на својот врв – би биле најголемите изгубени пари некогаш во измама со криптовалути.

Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите ширум светот да воведат ред на пазарот среде растечките случаи на измама

Поврзани содржини