Денес пред 80 години Хитлер го нападна СССР, а службите точно го знаеле датумот!
СССР знаел дека Германија планира да ги нападне дури девет месеци пред Хитлер да дојде на власт, соопштил директорот на разузнавачката служба на Русија, Сергеј Наришкин во своја статија во весникот „Национална Одбрана“ по повод 80 години од „Барбароса“
Службите на СССР дознале за фамозната „Барбароса“ на Хитлер, дури девет месеци пред тој да дојде на власт, пренесуваат српски Новости.
Сегашниот директор на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин во своја статија во весникот „Национална Одбрана“ пишува дека летото 1932 година протекле првите гласини дека Хитлер тајно преговарал со Франција и со Полска да се приклучат во некаков „пакт“ против СССР. Но, тоа бил само почетокот. Европа се спремала за војна цели девет години. Во август 1939 година снимен е разговор на Хитлер со швајцарскиот бизнисмен Буркант. Швајцарецот потоа отишол во руската служба, а останал записник од разговорот.
– Ако Западот е толку глуп и толку слеп да ја нападне Германија, тогаш ќе бидам принуден да се обединам со Русија со цел да го уништам Западот…Потоа, откако уште повеќе ќе ми биде зголемена моќта, ќе ја нападнам Русија. Сите мои планови и идеи, во принцип, се насочени против Русија – вака Наришкин го цитира Хитлер во својата статија.
Според Наришкин, Хитлер добро знаел дека може да биде шпиониран, па разговорот со бизнисменот бил индиректна уцена кон СССР. Иако Германија и СССР потпишале договор за ненапаѓање истата година, веќе во летото следната 1940 година, Хитлер издал наредба до Генералштабот на Вермахтот да се подготвува за војна.
Директивата, потпишана од Хитлер на 18 декември 1940 година ги дава деталите на операцијата „Барбароса“. До следното лето, кога е нападот, руската служба во Германија испратила дури 120 пораки до советското раководство во Москва.

И Финска била со Хитлер, а Јапонија не сакала да помогне
Службата на СССР добила информација дека на 11 јуни во Хелсинки бил потпишан таен договор меѓу Германија и Финска за учество на Финска во војната, објаснува Наришкин. Освен точниот датум на германската агресија против СССР, не се знаело како ќе се однесуваат САД и Британија, појаснува тој, додека за Јапонија добиле сигурна информација дека нема намера да напаѓа.
– Сето ова, некогаш тајни информации, сега имаат место во учебниците по историја, така што младите генерации не само што ги знаат и се гордеат со победите на нашата армија на Источниот фронт, туку и се сеќаваат на имињата херои-информатори кои ги исполнија своите должности – истакнува Наришкин.
Германскиот напад врз Советскиот Сојуз со 3,3 милиони војници, 3.332 тенкови и 1.950 авиони започна точно пред 80 години – на 22 јуни 1941 година. За Хитлер, нападот врз Русија не беше обична војна, туку расен конфликт до смрт.
Русите губеле сѐ дур Сталин решил да ги „ослободи“ од комунистичката идеологија. Им рекол дека Русија води патриотска војна, исто како во времето на Наполеон. Камбаните во црквите повторно ѕвонеле за битка, свештениците се поклониле пред оружјето, а на старите официри им биле вратени значките и титулите од времето кога му служеле на царот. Пример за тоа е и познатиот генерал Росоковски, кого Сталин морал да го извади директно од затвор.