Дамиано Давид (22), фронтменот на групата „Манескин“, победникот на овогодинешната Евровизија, станува сè попопуларен на Инстаграм.
Дамиано објави нова серија фотографии на кои позираше во фетиш издание, со интензивна шминка. Сликата за еден ден собра повеќе од милион и пол лајкови од неговите следбеници.
„Вљубен сум во мојот кармин“, напишал тој во описот на фотографијата.
Дамиано веднаш ги воодушеви своите обожаватели, но она што го привлече нивното внимание е и коментарот на неговата девојка, Џорџа Солери
„И јас сум“, напиша Џорџа, а нејзиниот коментар го лајкнаа повеќе од 8.000 луѓе.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм