Путин за Навални: Сакаше да биде уапсен
Добро знаеше дека по него се трага, ама сепак се врати во Русија – намерно. Сакаше да биде уапсен – изјави Путин, избегнувајќи да го изговори името а Алексеј Навални.
Тоа лице знаеше дека го крши законот во Русија и го повтори престапот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањето за притворениот опозиционер Алексеј Навални.
Путин побара непристрасно известување за случајот со Навални и повтори дека опозиционерот свесно го кршел законот.
Путин истакна дека Навални бил запознаен со потерницата која за него била распишана, но дека одлучил да се врати во Русија.
– Добро знаеше дека по него се трага, ама сепак се врати во Русија – намерно. Сакаше да биде уапсен – изјави Путин, избегнувајќи да го изговори името а Алексеј Навални.