Силјановска: Сигурно министрите не се најумните, за реформи во образованието треба сериозен пристап

Околу реформите сум кажала многу пати, реформи во вакви тешки времиња на здравствена криза не се прават особено не со деца.

423

Професорката и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во гостување во дневнкот на ТВ Сител во врска со новата образовна реформа и интеграцијата на историјата во заеднички предмет, вели дека за образовна реформа треба сериозен пристап и консултација со сите фактори и институции, не реформа – заради реформа, а ова е најлошо време за реформа врз деца.

– Ние имаме документи Македонската академија, Институтот за национална историја, Институтот од филолошки факултет, на сите институции и јас не би се осудила кога би била министерка ако сум човек кој имплицира знаење и образование да не ги послушам и да не размислам, сигурно министрите не се најумните, тие се слуги на граѓаните, а за вакви реформи треба време како што вели претседателот на МАНУ, и треба сериозен пристап, а околу реформите сум кажала многу пати, реформи во вакви тешки времиња на здравствена криза не се прават особено не со деца – посочи Силјановска Давкова.






Силјановска вели дека потребна е консултација со сите фактори, за да не се прави реформа, заради реформа.

Поврзани содржини