Девојката на евровизискиот победник Дамиано Давид, инфлуенсерката Џорџија Солери, страда од вулводинија, хронична болка во подрачјето околу отворот на вагината. Причината не е позната, а симптомите се силно печење, болка или иритација на вагината.
Џорџија открила дека од вулводинија страда веќе осум години, а на своите следбеници уште порано им открила со што треба да се справува.
„Слушнав секакви работи, дека сум луда, анксиозна, фригидна, лажливка. Ми зборуваа дека се плашам од секс и дека морам повеќе да мастурбирам. Најлошиот дел е големата осаменост кога си отфрлен, осуден и не добиваш разбирање од оние кои треба да ти ја постават дијагнозата“, ги пренесува нејзините зборови порталот „Today.it“.
„Научувате да се справувате со болката, но и на одредени жртви. Не носите тесни фармерки или хеланки, нема кисела храна, нема алкохол, нема шеќер, нема синтетичка долна облека или онаа во боја, нема вечерни излегувања, нема ништо. Секое планирање на одморот станува кошмар затоа што сте свесни дека можете целиот одмор да го поминете лежејќи во болки. Кога конечно ја добив дијагнозата, сфатив дека не сум единствената, дека има многу жени со оваа состојба и дека сите се чувствуваме напуштени во нашата болка. Си ветив себеси дека секој ден ќе се обидувам никој повеќе да не мора да се чувствува така. Ние не сме виновни, не сме скршени и не сме дефектни. Ние сме болни и заслужуваме разбирање и почит”, заклучила Џорџија.
ФОТО: Gossipetv.com