Филипче: Можно е да се вакцинираат и децата од 12 до 15 години пред почетокот на учебната година
Министерот за здравство најави дека комисијата за заразни болести и Министерството за образование ќе работат на нов протокол за физичко присуство на учениците на настава.Евалуацијата на сите препораки и дали децата треба да се вакцинираат ќе се прави во текот на летово.
Комисијата за заразни болести и МОН во наредниот период од сите препораки што се сега во сила ќе подготват еден протокол како би се одвивала учебната година од септември и за враќање на учениците на настава со физичко присуство, изјави министерот за здравство Венко Филипч.
Тој рече дека тоа можеби ќе вклучи и план за вакцинирање на деца од 12 до 16 години бидејќи Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на таа возраст. Евалуацијата на сите препораки и дали децата треба да се вакцинираат ќе се прави во текот на летово.
– Во нашите планови за пристигнување вакцини, може да ја покриеме со количини бројката на деца од 12 до 16 години. Ќе ја проектираме таа количина и ќе ја зачуваме за децата, но нормално таа нема да биде задолжителна – рече Филипче.
Министерот соопшти дека е завршена вакцинација на пациенти со трансплантирани органи и на пациенти на дијализа, во тек е за лицата со ретки болести, а следни се оние со потешки хронични белодробни заболувања.