Антиваксер доо: Заработуваат милиони, а од вакцини и ковид-19 „штитат“ со свои препарати

Зошто го прават ова? На кој начин овие огранизации се лицемерни? Во своите постапки тие се водени токму од профитот, притоа загрозувајќи го здравјето на луѓето ширум светот.

1,069

Пандемијата на коронавирусот трае повеќе од една година, а вакцинацирањето на населението против оваа заразна болест е во тек низ целиот свет.

Сепак, се чини дека организациите против вакцинација никогаш не биле поактивни во обидот да се спротивстават. Тие во повеќето случаи користат ширење дезинформации. Не им е грижа дури и кога ќе се докаже спротивното. Во исто време, тие ги обвинуваат фармацевтските компании, капитализмот воопшто, па дури и одговорот на државите на пандемијата, сето тоа под изговор на разни теории на заговор.






Зошто го прават ова? На кој начин овие огранизации се лицемерни? Во своите постапки тие се водени токму од профитот, притоа загрозувајќи го здравјето на луѓето ширум светот. Овој феномен најлесно може да се објасни со примерот на Соединетите држави.

Минатото лето, групата „America’s Frontline Doctors“ одржа прес-конференција пред Врховниот суд на САД со цел да ја рашири приказната за чудесните ефекти на хидроксихлорокинот, иако има докази за спротивното. Видео клиповите од настанот ги преплавија социјалните мрежи, со очекуваната реторика „овие лекари се замолчени“. Овој заговор доби интензитет кога Доналд Трамп сподели тврдења дека маските не се потребни за да се запре ковид-19, според еден од минатогодишните написи на „Big Think“.

Кој всушност е во оваа организација?

Основач на групата е д-р Симон Голд, која исто така е анти-ваксерка, и која исто така е поврзана со десничарски групи како „ALEC“, „Freedom Works Foundation“ и „Tea Party Patriots“, кои исто така ја поддржаа оваа конференција. Тука е и докторката Стела Имануел, која верува во приказната дека светските лидери се всушност гуштери кои имаат секс со вештерки и демони. Зборуваше и Џејмс Тодаро, без оглед на тоа што тврди дека е на првата линија во борбата против ковид-19, а пациент нема видено од 2018 година. Таков настан не би бил целосен дури и без д-р Даниел Ериксон, познат по негирањето на последиците од ковид-19.

Прашањето што следува е: Како да се бориме против ваквите дезинформации?

– Игнорирајте ги затоа што ако реагирате на нив, тие се шират повеќе. Блокирајте го лицето кое ви ги испратило информациите и потоа споделете некои точни информации за да го балансирате алгоритмот на Интернетот“ – изјави за „Big Think“, Имран Ахмед, основач на „CCDH“ (Center for Countering Digital Hate).

Ахмед го основал „CCDH“ во 2017 година за да го проучи ширењето на омразата врз основа на нечиј идентитет, но во март минатата година се фокусираше на темата коронавирус.

Милјарда

Како резултат на тоа истражување, беше објавен извештај на 34 страници под наслов „The Anti-Vaxx industry: Big Tech powers and profits from vaccine information“. По неколкумесечна истрага, тимот откри дека овие организации имаат опсег од 58 милиони луѓе во Соединетите држави на социјалните мрежи „Facebook“, „Instagram“ и „YouTube“ заработија најмалку милијарда долари од рекламирање на овие организации.

– Ако не бевме во право и ако нашата пресметка беше лоша, тие ќе беа против нас. Претпоставувам дека тоа е затоа што нашите проценки се крајно конзервативни и можеби ги потценивме. Ако кажат нешто против тоа, ќе треба да дадат реални бројки, и тие би можеле да бидат значително повисоки“, рече Ахмед.

Од каде ги добиваат парите за кампањи?

Гореспоменатиот извештај дава неколку интересни податоци за луѓето кои стојат зад напорите да се промовира движењето против вакцинацијата. Највлијателните организации се финансирани од остеопатот Џозеф Меркол, кој води компанија што произведува додатоци во исхраната и медицински материјали и обезбедува финансиска поддршка на „National Vaccine information Center“ и „Organic Consumers Association“. Друга личност која дава значителни средства за овие цели е Бернард Селц, чии пари сочинуваат околу три четвртини од средствата на огранизацијата „Informed Action Consent Network“.

Податоците на Меркол се лесно достапни: тој користи страв со цел продажба на додатоци, од кои ја наполнил својата банкарска сметка со дури 100 милиони долари. Од почетокот на пандемијата, Меркол тврдеше најмалку 22 витамини за спречување или лекување на ковид-19. Дезинформациите за вакцините се само една од неговите тактики. Претходно, тој тврдеше дека микробрановите печки го менуваат хемискиот состав на храната, мобилните телефони предизвикуваат рак и дека пастеризирано млеко предизвикува негативни здравствени ефекти.

Делата на Селц потешко се следат. Неговата „филантропска“ работа е огромна благодарение на фондот што тој го управува, вреден 500 милиони долари. Неговите анти-ваксерски напори вклучуваат 1,6 милиони долари дадени на дискредитираниот лекар Ендру Вејкфилд.

Антивакцинското чувство не е ново, но социјалните мрежи „го ставаат на стероиди“. Како што потенцира Ахмед, групите против вакцини ја користат истата тактика како и другите групи обдарени со разни форми на омраза: тие не им веруваат на властите, шират теории на заговор за да шират загриженост и се претставуваат како експерти и единствениот авторитет на дадена тема.

Набргу откако започнаа блокадите, бројот на „агенти“ кои ширеа дезинформации поврзани со здравјето се зголеми и тие се здружија со „хардкор“ група посветени анти-ваксери за да создадат, како што Ахмед ја нарекува „коалиција на хаос“.

За време на месеците пред текстот на „Big Think“, оваа коалиција тестираше многу идеи: прво тие тврдеа дека 5G го предизвикува коронавирусот, така што сето ова е дел од глобалниот план за микрочипување на луѓето, и дека вакцините се дел од елитистичко-капиталистички заговор. Тие се упорни, а нивните постапки навистина имаат последици во реалниот свет.

Поврзани содржини