Студија: Зголемена ефикасност со третата доза на „АстраЗенека“

Вакцината „АстраЗенека“ е заснована на нова технологија која користи изменета верзија на аденовируси, кои предизвикуваат настинка, како вектори за пренесување на „упатства“ до човечките клетки.

559

Трета доза од вакцината против ковид-19 од „АстраЗенека“и Универзитетот во Оксфорд се претстави добро во производството на антитела и дополнително ја зголеми ефикасноста на вакцината кај учесниците во студијата, објави „Фајненшл тајмс“.

Веста доаѓа во моментот кога производителите на вакцини предупредуваат дека на светот најверојатно ќе му треба ревакцинација (дополнителна доза) или нови вакцини секоја година за да се зајакне нивниот ефект како резултат на развојот на нови варијанти на вирусот, иако некои научници се сомневаат во оправданоста и потребата од трета доза, пишува „Ројтерс“.






Весникот цитира изјава на лице кое е запознаено со резултатите од студијата, која вели дека реакцијата на антителата на дополнителната доза на вакцината е „доволно силна против која било варијанта на коронавирусот“. Студијата исто така покажа дека има помалку страв дека аденовирусите не можат да се користат повеќе од еднаш, пренесува „Ројтерс“.

Од „АстраЗенека“ сè уште нема објаснување

„АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд сè уште не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за подобро разјаснување на резултатите од студијата, која сè уште не е официјално објавена, а „Фајненшл тајмс“ пишува дека сè уште не е познато кога Оксфорд и „АстраЗенека“ планираат да оваа информација да ја објават.

Вакцината „АстраЗенека“ е заснована на нова технологија која користи изменета верзија на аденовируси, кои предизвикуваат настинка, како вектори за пренесување на „упатства“ до човечките клетки.

Заради ваквиот начин на дизајнирање вакцини, некои научници веруваат дека дозите би можеле да изгубат, како ефективноста, доколку годишните вакцинации станат неопходни за борба против новите варијанти на коронавирусот.

Европската унија во мај потпиша нов договор за снабдување на 1,8 милијарди дози од „Фајзер/БиоНТек“ за да се обезбеди повторна вакцинација.

Поврзани содржини