Славната актерка ја нападнаа поради објавата за конфликтот помеѓу Израел и Палестина ФОТО

2,256

Холивудската актерка Гал Гадот, родена во Израел, се најде на удар на критиките поради објавата за израелско-палестинскиот конфликт на Твитер.

„Мојата земја е во војна, моето срце се крши. Израел заслужува да биде слободна и безбедна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото“, напиша Гадот, која во младоста отслужила две години задолжителен воен рок во израелската армија.






„Се молам за жртвите и за нивните семејства. Се молам да престане ова незамисливо непријателство, се молам нашите лидери да најдат решение за да можеме да живееме едни покрај други во мир”.

Нејзиниот пост беше критикуван од многумина и беше наречен пропаганда за Израел, па актерката ги оневозможи коментарите. Некои, сепак, напишаа дека Гадот повика на мир и дека таа не треба да биде нападната.

Подоцна Гадот малку ја измени објавата, во воведот и на крајот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)

Ријана исто така ги сподели своите размислувања за горливата тема.

„Срцето ми се крши поради насилството помеѓу Израел и Палестина. Не можам да го гледам тоа. Мора да има некое решение. Со тага гледаме невини луѓе кои страдаат поради потезите на владата и екстремистите”, напиша таа.

Ниту моделот Бела Хадид не молчеше. „Идните генерации во неверување ќе се чудат како им дозволивме на Палестинците да страдаат толку долго. Човечка трагедија се случува пред нашите очи. Политичарите пелтечат неутрални зборови од страв да не бидат повикани, а светот молчи за да не ги навреди погрешните луѓе“, остро се изјасни манекенката, а нејзиниот пост го сподели пејачката Дуа Липа на својот Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини