Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин, напиша бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов на својот профил на Фејсбук.
„Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, час поскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечна памјат!“, пишува Борисов.