Тинејџерка од Скопје прегазила пешак и удрила возила и канделабра во Крани

756

 

Во автокампот Крани кај Ресен возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач, синоќа во 21 часот удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот. Во незгодата А. К. се здобила со тешки телесни повреди.






„Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16-годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Поврзани содржини