Димитриевски ги негира наодите на ДКСК за финансирање на спортот

Од општината појаснуваат дека општинскиот сојуз на спортови (ОССК) ги координира активностите и е посредник помеѓу клубовите, здруженијата и општината за да се избегнат фаворизирањата на одредени активности, клубови, ОССК подготвува програма со финансиски план, се усвојува од советот, градоначалникот ги уплаќа средствата, ОССК доставува извештај кој повторно го разгледува советот.

540

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, негира злоупотреба на средствата за финансирање на спорт и реагира на вчерашните изнесени наоди на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за распределба на средствата за реализација на програмата за развој на спортот во општината за 2019-та година и ги демантира изјавите на членот на ДКСК, Нури Бајрами наведуваат во денешното соопштение од општината. Димитриевски бара ДКСК повотрно да го разгледа предметот.

„Вчерашните заклучоци на седницата на ДКСК што се однесуваат на овој наводен случај се неосновани и поради тоа ќе поведеме постапка пред други надлежни органи за утврдување на реалната вистина. Комисијата погрешно ја има утврдено фактичката состојба по наведениот предмет по основ на пријавата и со ваквиот заклучок којшто до денеска не е објавен во јавноста, а е објавен од страна на неколку медиуми врз основа на изјава на член на комисијата со што изнесува невистини и наводни клевети во јавноста против работењето на Општината, градоначалникот и други субјекти и лица“, стои во соопштението.






Во него се појаснува дека на ДКСК по претходно официјално барање, општината им доставила податоци за тоа дали лицето А.К. е вработено во Општина Куманово и на која работна позиција и дали во буџетот за 2019 година биле предвидени средства за финансирање на спортски здруженија, како се доделени средствата и за програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните на Општина Куманово за 2019 година. Претставник од Државен инспекторат за локална самоуправа постапувајќи по предмет поднесен од Државната комисија за спречување на корупција на 21 јануари, годинава извршил увид во документација за што постои и уреден записник.

Од општината појаснуваат дека општинскиот сојуз на спортови (ОССК) ги координира активностите и е посредник помеѓу клубовите, здруженијата и општината за да се избегнат фаворизирањата на одредени активности, клубови, ОССК подготвува програма со финансиски план, се усвојува од советот, градоначалникот ги уплаќа средствата, ОССК доставува извештај кој повторно го разгледува советот.

„Потенцирам дека ДКСК направила превид и неосновани се тврдењата дека градоначалникот лошо управувал и лошо применил дискрециско право бидејќи при ваква постапка се работи за реализација на годишна програма согласно буџетот и ниту во еден момент нема ниту основ, ниту можност несоодветна и дискрециска примена на правото на градоначалникот. Неосновани се тврдењата на ДКСК дека Општината и Градоначалникот на Куманово не доставил копии од одлуките од Советот и решенија за извршување на буџетот при доделување на средствата на спортските клубови донесени во 2019 година, бидејќи истите се уредно доставени со дописот од 23.01.2020 до ДКСК, додека решенија во овој случај не се донесуваат поради претходно наведеното ниту пак има директно финансирање на спортските клубови и здруженија од буџетот на Општина Куманово“, се наведува во соопштението.

Документацијата е доставена во најкус можен рок до ДКСК.

„Со ваквите пропусти од страна на ДКСК се нанесува голема штета на угледот и честа во делот на своето работење на Општината, градоначалникот и другите субјекти споменати во изјавата и сметам дека ДКСК треба повторно да го разгледа предметот суштински да ги отфрли пропустите и да ја отфрли неоснованата пријава“, стои во соопштението.

Општина Куманово, потсетуваат во објавата во 2019-та беше прогласена за Град на спортот во Европа. Во соопштението се наведува дека А. К. во тој момент имал волонтерски договор, согласно програма за волонтирање во Општина Куманово, а според нивни податоци тој не е вршител на функцијата претседател на КК Куманово, туку во Централниот регистар на РСМ во евиденцијата како одговорно лице се води В. Б.

„Очекуваме ДКСК јавно да се извини за овие пропусти, повторно да го разгледа предметот, да ја утврди реалната фактичка состојба, а ние како институција и јас како градоначалник стоиме на располагање за понатамошна соработка со ДКСК. Ја почитувам нивната работа и давам целосна поддршка во борбата против корупцијата во нашата држава“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини