Пациент болен од ковид му го исклучил респираторот на болничкиот цимер

1,536

Човек што се лекувал од ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор, соопшти денеска грчката полиција.

Полицијата соопштила дека осомничениот, чие име не е објавено, ќе остане под надзор на чуварите во атинската болница се додека не се опорави, објави Ројтерс.






Пациентот (76) починал вчера вечер, откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е исклучен респираторот без знаење на лекарот.

Двајцата пациенти лежеле на исто одделение, додаде полицијата.

Поврзани содржини