Евровизискиот победник е Малта: Обложувалниците ја предвидоа победата ВИДЕО

977

Уште 40-тина дена нѐ делат од почетокот на музичкиот натпревар Евровизија, а обложувалниците веќе започнаа со обложувањата која песна ќе победи.

Британскиот „Смаркетс“, букмејкер познат по одличното предвидување на резултатите (меѓу другото, претседателските избори), судејќи според обложувалниците, предвидува дека победник на Евровизија оваа година ќе биде пејачката Дестини од Малта, на која ѝ дава 17 отсто шанси.






За Малтежанката, исто така, победа прредвидуваат и од други обложувалници, а таа е на врвот откако беше објавена нејзината песна „Je Me Casse“ на ЈуТјуб.

Малта како победник ја гледаат и анкетираните луѓе, па на „Wiwibloggs“ таа веќе со денови е на самиот врв според бројот на гласовите од испитаниците.

Малта оваа година ќе биде претставена од малтешки-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини песната ќе ја изведува на англиски јазик, а во некои кратки делови ќе пее на француски сленг. Дестини веќе ја освои Евровизија, но онаа детската, во 2015 година.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини