Меџити по стапките на Мицкоски и Заев: За државјанствата прво да разговараат партиите на Албанците
Тој вели дека пратениците Албанци од власта и од опозицијата треба да соработуваат во Собранието, исто како во некои конкретни случаи што соработуваат македонските партии, кои нашле заеднички јазик, надминувајќи ги различните позиции за доброто на граѓаните.
По примерот за најавената средба помеѓу лидерите на најголемите партии во Македонија, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, пратеникот и потпретседател на ДУИ Изет Меџити предлага за законот за државјанство прво да седнат и ако може да се усогласат партиите на Албанците од власта и опозицијата.
Тој на Фејсбук порача дека партиите на Албанците во Собранието треба да соработуваат.
„Предложениот закон од опозициските партии за државјанство мислам дека треба да се разгледува меѓу нас од албанските политички партии власт-опозиција, за доброто на граѓаните, како што во конкретниот случај е соработката на македонските партии ′′„позиција – опозиција “. Ако има потреба измените да се разгледаат заедно, ако нема, да се внесе во предлогот за усвојување на истите во Собранието, а со тоа и да се реши блокадата во Парламентот“ напиша Меџити.
Тој вели дека пратениците Албанци од власта и од опозицијата треба да соработуваат во Собранието, исто како во некои конкретни случаи што соработуваат македонските партии, кои нашле заеднички јазик, надминувајќи ги различните позиции за доброто на граѓаните.
Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа средба со премиерот Зоран Заев за законот за државјанство. Заев вчера од собраниска говорница најави дека со албанските опозициски партии за државјанството ќе се сретне следната недела.
Поради нерешавањето на ова прашање Коалицијата Алијанса и Алтернатива со илјадници амандмани ги блокира сите закони во Парламентот.