Претседателот на Народната партија на Ромите Геге Демировски на Фејсбук oбјави порака за која како што тврди, наводно ја добил од премиерот Зоран Заев, откако на социјалнатта мрежа, претходно објавил неколку случаи на етничка дискриминација и претепани Роми во Македонија.
„Зоран Заев го допре дното откако поради моите издржани критики се одлучи да ми се заканува. Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и за безбедносната на моето семејство. Еднаш пробаа да ме убијат, не успеаа. Нема да запрам бидејќи борбата за нашата Македонија и за браќата Роми е поголема од секој еден поединец. Казната за тоa што им го правиш на Ромите и на сите граѓани кои живеат во Македонија ќе те стигне на следните избори кога РОМИТЕ ќе те вратат назад во Муртино“, пишува на Фејсбук Геге Демировски.