Две млади девојки починаа од коронавирусот, пациентката на 23 години имала хронично заболување

Пацинетката била позитивна на ковид 19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар. Поради проблеми со дишењето пацинетката се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид центрите од интернистичкиот клинички блок, велат од Министерството за здравство.

2,179

Две млади жени, едната на 23 годишна возраст, а другата на 24 години починале денеска од ковид-19. Пациентката на 23 годишна возраст имала хронично заболување, велат од Министерството за здравство на прашање на Плусинфо дали починатите пациентки имале и други заболувања, освен ковид-19 и како дошло до влошување на нивната состојба.

– Пацинетката била позитивна на ковид 19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар. Поради проблеми со дишењето пацинетката се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид центрите од интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на КИБФС, каде е продолжено со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време и се влошувала состојбата – велат од Министерството за здравство.






Во денешниот извештај Министерството за здравство вели дека се починати 17 лица, а меѓу нив, како што не информираа имало и една пациентка на 24 години која немала претходни заболувања.

Осум од починатите пациенти се од Скопје, двајца од Прилеп , и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница.

Од пријавените,16 пациенти се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на ковид-19.

 

Поврзани содржини