Владата на денешната седница јдонесе заклучок со кој ѝ се укажува на Општина Охрид да превенира градежни работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“.
Ова укажување е додека не се утврди фактичката состојба од страна на стручната комисија на Министерството за транспорт и врски, која ќе изврши увид во процесот на издавање на одобрението за градење на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“ и за своите наоди ќе ја извести владата на нејзината наредна седница.
„Владата ѝ укажува на Општина Охрид, во рок од два дена да достави информација за важноста на одобрението за градба на локацијата на местото на ресторан дискотека „Парк“, имајќи предвид дека согласно член 66 од Законот за градење, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно“, информира владата.