Николоски: Македонија има средновековно наследство, Малески си знае зошто го негира

1,102

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјава на професорот Денко Малески за БГНЕС дека Македонија нема средновековно историско наследство.

„Македонија има средновековно наследство, a македонската нација и држава се плод на вековна борба на македонскиот народ, борба која е силно изразена во текот на 19 и почетокот на 20 век за отфрлање на отоманскиот јарем, преку практично 30 годишно непрекинато востание од балканските војни до Втората светска војна кое е крунисано на 2 Август со АСНОМ, до борбата против комунизмот и референдумот за независност од 8-ми септември и формирањето на независна Република Македонија. Тоа е јасен историски и политички континуитет на македонскиот народ со јасна цел формирање на македонска држава“, вели Николоски.






Поткопувањето на темелите на Македонија со вакви изјави нема да успее колку и да се трудат, додава Николоски.

– Тоа го знае Малески, а зошто го негира само тој си знае – вели потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

Поврзани содржини