Насилни протести во Атина: Молотови коктели, водени топови и камења разменија полицијата и демонстрантите ВИДЕО

436

Еден полицаец вечерва е повреден во главата во судир во предградие на Атина на протест на кој присуствувале 5.000 лица против „полициското насилство“, соопштила полицијата.

Фотографот на агенцијата Франс Прес од местото на настанот објавил дека судирот започнал кога група од 200 лица се упатиле кон полициската станица на плоштадот на предградието Неа Смирни, каде во неделата полициски службеник со палка претепал млад човек поради кршење на епидемиолошките мерки.






Насилните демонстранти ја гаѓаа полициската станица со камења и молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец и водени топови. Запалени се десетина канти за ѓубре, поради што интервенирале пожарникарите, пренесува Франс Прес.

Полицаецот, кој се здобил со тешка повреда на главата бил пренесен во болница, објави полицијата. Маскираните демонстранти нападнале и новинари и фотографи на местото на настанот, соопшти полицијата.

Скоро 5.000 луѓе, според проценките на полицијата, учествувале на протестен марш против „полициското насилство“, носејќи транспаренти на кои пишувало „Полицајци, надвор од нашите соседства“ и „Парковите се места за смеење , а не за офкање од болка“.

Полицијата соопшти дека пред почетокот на конфликтот биле уапсени демонстранти кои поседувале молотови коктели и железни прачки.

Во неделата попладне на плоштадот Неа Смирни, на пет километри од центарот на Атина, на социјалните мрежи се рашири видео од полицаец кој тепа млад човек легнат на земја, во присуство на уште најмалку тројца полицајци.

Полицијата соопштила дека инцидентот започнал кога полициските сили нападнале „околу триесет лица кои повредиле двајца нејзини припадници“, што било демантирано од многу жители на плоштадот Неа Смрни.

Државното обвинителство наредило предистражна постапка за да се „испита дали има основа да се поднесе кривична пријава против полицајците“ во неделата на Неа Смирна, изјавил судски извор.

Полицијата започнала и внатрешна истрага за полицаецот кој бил снимен како го удира младиот човек.

Поврзани содржини