Ахмети е против предлогот на Заев: Опозицијата треба да е критичар на власта

1,022

Али Ахмети, лидер на коалицискиот партнер во власта ДУИ, не се согласува со ставовите на премиерот Зоран Заев во кои ја отвори можноста опозицијата да стане дел од власта.

На новинарско прашање во врска со предлогот на премиерот Заев, Ахмети денеска оцени  дека улогата на опозицијата е да биде критичар на власта.






– Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји – рече Ахмети.

фото: МИА
Поврзани содржини