Ахмети по состанокот во ДУИ: Сите разлики ги надминавме, нема да има оставки

Ахмети го коментираше и завчерашниот протест, за кој рече дека „овие луѓе се користат за политички цели“ и дека од ДУИ секогаш охрабрувале, барале меѓународна истрага за овие случаи и дека ДУИ ќе продолжи да го прави истото.

932

ДУИ синоќа одржа состанок на централното раководство со цел да се разговара за последните случувања во извршната власт и внатре во партијата. Од партијата ги отфрлија гласините за поделби во партијата, нарекувајќи ги заговор во јавноста.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека состаноците на ова ниво во последните месеци не се одржувале како резултат на пандемијата ковид-19 и затоа имало потреба од дебата и дискусија, во кој случај вечерва беа расчистени сите дилеми и не се остави простор за други алиби.






– Не се работи за одлуки, тоа е потреба на време, бидејќи епидемијата предизвикана од ковид-19 го направи своето. Целта на овој состанок беше јавноста да види директно дека ДУИ е и ќе биде сплотена и уште подобро организирана. Дискутирани се сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека сè е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати. ДУИ е на пат да преземе нови одговорности. Не се зборуваше за оставки, туку само за напредок – рече Ахмети по состанокот на централното раководство на ДУИ.

Ахмети го коментираше и завчерашниот протест, за кој рече дека „овие луѓе се користат за политички цели“ и дека од ДУИ секогаш охрабрувале, барале меѓународна истрага за овие случаи и дека ДУИ ќе
продолжи да го прави истото.

– Најдоброто нешто е да не ги злоупотребуваме овие луѓе, да не ги злоупотребуваме луѓето кои се во тешка состојба. Отсекогаш сме биле во контакт со луѓе кои имале проблеми и се обидувавме да им овозможиме контакт со сите меѓународни институции. За сите овие прашања побаравме меѓународна експертиза, директен меѓународен мониторинг. Побаравме меѓународна истрага за прашањето за вчерашните протести до странски експерти на оваа област, каде добивме позитивен одговор од нашите
американски пријатели, како и од Европската Унија. Постојат и повисоки инстанции каде за ова прашање може да се поднесе жалба и што се однесува до нас, ќе сториме сè што можеме – рече Ахмети.

Поврзани содржини