Ангелов: Јас не видов ниту еден изненаден човек од снегот
Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба - вели Стојанче Ангелов.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за ТВ24 вели дека државата и институциите одлично се справиле со снегот кој наврна викендов.
Според него, никој не биде изненаден од снегот годинава, туку напротив – сите биле подготвени.
– Јас не видов ниту еден изненаден годинава од снегот. „Македонија пат“ паралелно со врнењето на снегот ги чистеше улиците. Сметам дека имаме соодветна реакција, ниските температури ги отежнуваат состојбите. Не се согласувам дека некој бил изненаден од снегот. Ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села. Во Тетово имаме отежнато движење во планинските села, на повисоките места во тетовско снегот достигнува до 60-тина сантиметри. Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба – вели Стојанче Ангелов.