ВМРО-ДПМНЕ: Цела влада се покрена да прави спектакл од пакет вакцини

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека 4.680 вакцини се за 2.340 луѓе

1,220

Тоа што цела влада се покрена да прави маркетинг од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Зоран Заев и владата,реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното приемопредавање на вакцините од Србија на граничкиот премин Табановце.

– Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата.4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе. Министерот Венко Филипче најави дека ќе се вакцинираат по 2.000 дневно, што значи вакцинирањето ќе заврши за еден ден и неколку часа. За вакцинирање кое ќе трае еден ден не се потребни спектакли туку работа да се најдат повеќе вакцини.ВМРО-ДПМНЕ го поздравува чекорот што има држави кои помагаат, но воедно нема потреба за спектакли на домашната влада која не умее да се справи со здравствената криза. Со нивната неспособност убедливо земјава е најлоша во светот по бројот на починати и без воопшто започната вакцинација“, стои во реакцијата.

Поврзани содржини