Мицкоски: Срамна и фашизоидна е постапката за бришење на термините Македонија и АСНОМ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека познато е дека цензурираат, но не било познато дека министри на Заев имаат фашизоидни идеи.
Фашисоидна е постапката на владата на Зоран заев да се избрише тремините Македонија и АСНОМ, истата претставува понижување на македонскиот народ и граѓаните во Македонија,а земјава со ваква власт служи за потсмев, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Знаевме дека цензурираат, знаевме дека опструираат, но не знаевме дека се фашизоидни, но треба да не го потценуваат народот и не треба да потценуваат тоа што следи, а следи пораз, дебакл и одговорност за овие луѓе. Така што јас кога би бил на нивно место би бил сериозно загрижен за постапките кои што ги прават по диктат на Зоран Заев, така што тоа што го прави Зоран Заев преку Бојан Маричиќ навистина преставува еден дебакл на отворена сцена, понижување на македонскиот народ на граѓаните во Македонија без разлика на нивната различна етничка припадност и понижување и омаловажување на самата Македонија како држава. Служиме за потсмев – рече Мицкоски.