Станари во старски дом заболеле од новиот сој на ковид-19, иако биле вакцинирани
Домот за стари лица ја мина целата криза во ковид-19 без инфекција, сè до почетокот на февруари, кога беше утврден британскиот вид, дури и меѓу ревакцинираните штитеници.
Коронавирусот влезе во старечкиот дом „Санкт Мариен“ во градот Белм по повторната вакцинација на штитениците.
Домот за стари лица ја мина целата криза во ковид-19 без инфекција, сè до почетокот на февруари, кога беше утврден британскиот вид, дури и меѓу ревакцинираните штитеници.
Сите во тој дом беа превакцинирани, но откако секојдневниот брз тест на една негувателка беше позитивен, се утврди дека и 14 штитеници биле заразени со британскиот сој.
Сите станари на домот ја примија втората вакцина на „БиоНТек/Фајзер“ на 25 јануари и не е јасно кога се заразиле.
Сепак, позитивните штитеници немаат потешка форма на болеста, туку претежно се асимптоматски.
Вирусологот Бернхард Флекенштајн од Универзитетот во Ерланген за „Билд“ изјави дека почетната точка е дека инфекцијата е можна дури и по вакцинирањето, но без тешка форма на болеста.
Тој наведува дека е можно штитениците да се заразиле пред вакцината, бидејќи ПЦР тестот може да биде позитивен и до шест недели по инфекцијата.