Расте бројот на ковид-позитивни во редовите на Атлетико
Шпанските медиуми јавија дека екипата, во очекување на резултатите од тестирањата, го откажала претпладневниот тренинг.
Актуелниот лидер во шпанското првенство Атлетико Мадрид соопшти попладнево за нови случаи на заразени со коронавирус во своите редови, посочувајќи дека Томас Лемар и Хектор Ерера се позитивни на ковид-19.
Со нив двајца вкупниот број за заразени со коронавирус во Атлетико Мадрид се искачи на шестмина.
Шпанските медиуми јавија дека екипата, во очекување на резултатите од тестирањата, го откажала претпладневниот тренинг, а фудбалерите индивидуално ќе пристигнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ за вечерашната првенствена пресметка против Селта Виго.