Фајзер: Нашата вакцина дејствува против мутираните соеви на коронавирусот
Списанието Natural Science сега објави истражување од екстремни лаборатории, кои исто така ја потврдуваат делотворноста на вакцината против мутираните соеви на коронавирусот.
Вакцината од компанијата БионТек и Фајзер, според најновата студија, дејствува и против мутираните соеви на коронавирусот кои се појавија во Јужна Африка и Велика Британија, соопшти компанијата.
– Студијата објавена во стручното списание Natural Science покажува дека вакцината на БионТек/Фајзер ги неутрализира новите соеви на коронавирусот – се вели во заедничкото соопштение ма БионТек/Фајзер.
Истражувањето на Фајзер од крајот на јануари, кое го спровел институт во Тексас, веќе покажало дејствување на вакцината против мутираните вируси. Списанието Natural Science сега објави истражување од екстремни лаборатории, кои исто така ја потврдуваат делотворноста на вакцината против мутираните соеви на коронавирусот.
Во списанието се наведува дека сега е потребно подетално клиничко посматрање за да се добијат дополнителни сознанија за дејствувањето на вакцината на БионТек/Фајзер на тие соеви.
Новите соеви на коронавирусот докажани се и во повеќе сојузни покраини во Германија. Поради појавата на нови соеви, кои се шират многу побрзо, научниците го доведуваат во прашање укинувањето на строгите мерки на затворање и покрај падот на бројот на новозаразени.