Вакцините во овој век го спасија животот на 37 милиони деца! Најновото истражување ја запрепасти медицината!
Без пристап до одредени вакцини кои штитат од сипаници, ротавирус, ХПВ или хепатитис, шансите децата родени во 2019 година во тие земји да починат пред нивниот петти роденден би биле дури 45 проценти поголеми.
Вакцините се сметаат за едно од најголемите достигнувања во медицината. Научните проекции покажуваат дека од почетокот на векот, 37 милиони деца се спасени во земјите со низок и среден приход благодарение на вакцинацијата против 10 вообичаени болести, пишува порталот „Science Alert“.
До 2030 година тој број може да се зголеми двојно, посочуваат научниците во студијата објавена во најпрестижното медицинско списание „Lancet“.
Без пристап до одредени вакцини кои штитат од сипаници, ротавирус, ХПВ или хепатитис, шансите децата родени во 2019 година во тие земји да починат пред нивниот петти роденден би биле дури 45 проценти поголеми.
Пониска смртност
Разликата во здравствените термини помеѓу вакцинираните и невакцинираните лица е видлива и во зрелоста. Имено, новите проекции покажуваат дека смртноста кај деца родени во тие земји во 2019 година и вакцинираните против споменатите болести ќе биде за 72 проценти помала кај постарите и возрасните.
– Нашата студија ги потенцира големите придобивки за јавното здравје доколку се спроведат програми за вакцинација во земјите со низок и среден приход – рече епидемиологот Нил Фергусон од Кралскиот колеџ во Лондон.
– Пресметувањето на животите спасени со вакцинацијата е неблагодарна и несовршена работа, но тоа не значи дека не вреди да се обидува, велат научниците.
Овој модел има и свои ограничувања, бидејќи многу земји немаат целосни и конзистентни податоци за бројот на пациенти и смртни случаи.
Но, тоа е драгоцена проценка и досега спроведена најголема студија, која се базира на програми за вакцинација против вирус на хепатитис Б, хемофилус тип Б (бактерии кои предизвикуваат менингитис кај деца), хуман папилома вирус, јапонски енцефалитис, сипаници, ротавирус, рубеола, жолта треска, менингокока и пневмокока.
Вакцината против ХПВ спасува девојчиња
Шеснаесет независни истражувачки групи примениле различни модели за секој од овие патогени и резултатите покажуваат дека 120 милиони смртни случаи ќе бидат спречени со вакцинација против нив во текот на животот на луѓето родени помеѓу 2000 и 2030 година. Од тоа, 96 милиони отпаѓа на вакцините против сипаници и хепатитис.
Резултатите во голема мера се согласуваат со претходните проценки дека вакцините спасиле животи на скоро 20 милиони деца во 73 најсиромашни земји од 2001 година, додека самата вакцина против сипаници е одговорна за избегнатите 20 милиони смртни случаи, но на глобално ниво.
– Проценувајќи колку би била поголема смртноста без програмата за вакцинирање, студијата исто така посочува до кој степен е од клучно значење да се одржи високо ниво на вакцинација – изјави една од авторите, Кети Гејторп.
Задржувањето на статус квото е само дел од сликата. Приоритет е да се прошири достапноста на вакцините, особено кога се нови.
Всушност, новиот модел покажува дека зголемувањето на стапката на вакцинација кај девојчињата против ХПВ би спасило повеќе од нивни животи по вакцинирано лице, отколку во која било друга активност за имунизација.
Програмите за вакцинација против некои форми на пневмонија, исто така, се покажаа како многу ефикасни и треба да се прошират во сиромашните земји. Оваа вакцина, колективно позната како PCV (конјугирана пневмококна вакцина), има најголем ефект врз спасувањето на животите на децата на возраст под пет години.
Програмите за вакцинација несомнено делуваат и потребно е само да им се овозможи на сите да имаат пристап, заклучија научниците од „Lancet“.