Хибридниот режим Македонија е најкорумпиран на Балканот – ова мора да е лажна вест!
Реата на корупцијата е она врвно, епохално, историско достигнување, таа неповторлива и трајна трага во историјата на човештвото, што ќе ја остави пувежот на хибридните, на тричките и на останатите пубични вошки во медиумите и во пределот на социјалните мрежи.
Така е, другарки и другарчиња, дами и господо. Така изгледаме ние, ама кога ќе нѐ види некој друг, а не кога самите се гледаме во огледало и онака, суптилно заканувачки, го прашуваме: Огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е? И што да каже кутрото стакленце?
Aко ги читате тричкиве и пубичните вошки од провладината пропаганда во медиумите и на социјалните мрежи, дилеми нема и не може да има. Само треба огледалцето да се постави на вистинската позиција, што ќе рече да се погледне од тричкин агол. Значи, треба благо да се наведнете напред и надолу и огледалцето да го поставите под перинеумот на другарот Зоран Заев, нормално со стаклената површина свртено нагоре. Тогаш ќе го забележите тој апологетски мајасил. Е, тие хемороиди, пристојно нацицани со крвта на „непријателите“ на оваа земја, ќе ви кажат дека ние сме најубави на светот.
Освен онаа зла опозиција и оние грди критичари на власта, за кои нема и не смее да има милост. Ни здив од овој живот кој одамна дојде, како што беше ветено. Ни зрак од овој блескот од огледалцето под Заевиот перинеум, што им се разлева на лицата на убавите. Тие, злите и грдите, мора да бидат убиени, кога веќе не сакаат самите да изумрат. А пред егзекуцијата, да не заборавиме, на другарот Заев мора и јавно да му се извинат. За сите душевни болки што му ги нанеле. И за оваа вест за корупцијата, која мора да е лажна.
Ако, пак, прочитате што вели најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, ќе видите дека Хибридниот режим Македонија (скратено: ХРМ) е најкорумпиран на Балканот. Сите други земји, освен Босна и Херцеговина, со која го делиме 111. место на ранг-листата, се подобри од нас. И Србија, која ја критикуваме дека била авторитарна држава. И Косово, за кое велиме дека и не е држава во вистинска смисла на зборот. И Црна Гора, за која мислиме дека е рај на шверцот и на корупцијата…
Ние сме биле балканските шампиони на корупцијата!
Фак-чекери, каде сте сега, дајте бре најдете факти и докажете дека веста е лажна, аман! Вие тоа го можете, само треба да сакате.
Замислете, ние сме биле корумпирани асови. Ние. Единствената држава во регионот, во Европа, а веројатно и во светот, која има посебен министер за борба против корупцијата. И тоа не обичен, туку вицепремиер. Ма јели то могуче?
Ние, кои зборот „реформи“ од уста не го вадиме!
Ние, кои го лажеме целиот свет, а најмногу се лажеме себеси. Дека ги исполнуваме сите услови за НАТО, за ЕУ и за Евросонг и дека откако ќе ги решиме сите проблеми со соседите, не бел коњ ќе дојаваме во Брисел. Пред тоа само треба да завршиме една мала работа. Една ситница. Да се откажеме од сите атрибути на нашиот национален идентитет. Да дозволиме на нашата татковина да ѝ зададат смртен удар хибридните. Задушувајќи нѐ во реата на криминалот, на пропагандата и на лагите, во таа неподнослива реа што изгледа ќе остане она врвно, епохално, историско достигнување, онаа неповторлива и трајна трага во историјата на човештвото, што ќе ја остави пувежот на хибридните, на тричките и на останатите пубични вошки во медиумите и во пределот на социјалните мрежи.
А тогаш, кога ќе седнеме на маса со избраните европски нации, ама и ние со право на вето, на сите ќе им кажеме дека нешто е гнило во државата Данска, таа глупава земја која сега незаслужено е прогласена за светски шампион на борбата против корупцијата. А не кај нас, тричка ви матер!
Богами и тој индекс би можело да се укине, онака со еден „реформски“ потег. Како што ние ќе го укинеме предметот Историја во училиштата, на пример. За да се оствари сонот на тричките нашите деца да не смеат да учат за својата национална историја. Оти, нели, каква смисла има да се учи историја на умрена нација?
Тоа е тоа, другарки и другарчиња, дами и господо.
Живееме во свет на големи лаги. Има тука и малку секс – нѐ дупат другарчињава ко никој што не нѐ дупел до сега! – има и малку рокенрол, но во патологијата, што би рекол другарот Венко, сепак провладуваат лагите.
Погледнете како кралевите на корупцијата се самопрогласуваат за борци против ова зло. Па тоа навистина е за Нобел!
Погледнете како научиле како се крадат народни пари. Ко да знаеле и пред тоа. Сфатиле како се лови ситна и крупна риба со истата мрежа со која се ловеше и за време на поранешниот режим. Сега малку закрпена. А зошто да се менува нешто што перфектно функционира? Само треба да се зграби. И да се работи…
Погледнете, за да го скријат овој резил, провладините невладини организации, кои лапаат пари од странски фондации за некакви проекти за борба против корупцијата, се занимаваат со сѐ само не со тоа што им е мисија. Главни теми им се описот и пописот. Описот на „реформските“ дострели во сите области. Пописот на успесите. Нивната задача е да создадат привид дека целото општество е сензибилизирано во битката против корупцијата и дека успехот е неизбежен. Доцни, ама неизбежен е. Ко смрт.
А корумпираните медиуми и новинари, пред година-две фатени ин флагранти во блиски врски со кралевите на рекетот и на корупцијата, сега имаат задача да се занимаваат со одржување на народната меморија на злоделата на Груевски и да ги идентификуваат со актуелната опозиција (единствена земја на светот сме во која опозицијата се нарекува „режим“). Затоа врескаат „држете го крадецот“. Скромниот легален улов на рекетарската багра поврзана со хибридните, улов оверен и со судски пресуди, тие сега се трудат да го омаловажат и да го рубрицираат како „кикифрики приказни“, наводно смислени да се уништат Заев и гордоста на нивната јакобинска правда, СЈО. „Шареното“ СЈО. Сега фатено во експлицитно шарање.
И после, се чудите ли зошто сме таму каде што сме на ранг-листата на Транспаренси Интернешенл?
Ма јок!
Знам дека не се чудите. Никој веќе не се чуди. Никому за ништо не му а гајле. Власта ја боли тричката за таму некакви ранг-листи. Дошле бре другарчињата на позиција, има да се лапа телешко и крај! Трае дур трае. Какви што сме ние, богами, има да потрае. А и сите како да се помиривме дека од ХРМ не бидува сериозна држава. Всушност, кога ќе помислам подобро, идејата на тричкиве и на вошкиве таа да биде убиена, можеби е план за еутаназија. Прво убиство на една држава од милосрдие. Прво во историјата.
И баш нѐ заболе. Да ви кажам право, и мене баш ме заболе. Оти да бидам покусо? Оваа држава е болна. Многу болна. А народот изгледа чека да „оджутује своје“ и можеби ќе дочека хибридниве да се смилостиват и да ѝ го ‘ркнат ножот.
А што друго? Гледа некој друго чаре?