Почина водителот Лари Кинг од коронавирус

Познатиот ТВ и радио водител беше една од најпознатите американски медиумски личности, која интервјуираше политичари, познати лица и други јавни личности. За време на својата кариера, тој има направено над 30.000 интервјуа.

648

Американскиот телевизиски водител, популарниот Лари Кинг, почина денеска во 87-та година од животот, во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес. Водителот на почетокот на месецов беше хоспитализиран откако бил позитивен на коронавирусот.

Веста за неговата смрт беше соопштена на официјалниот Твитер профил на неговата медиумска куќа ОРА.






Кинг припаѓал на ризичната група пациенти, имал бројни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, неколку бајпаса, рак на простата и на бели дробови и дијабетес тип два.

„Шеесет и три години на радио, телевизија и дигиталните медиуми, илјадниците награди на Лари за неговите интервјуа и признанијата во светски размери сведочат за неговиот оригинален и непобитен талент како телевизиска фигура. Лари секогаш гледше на своите соговорници во интервјуата како на вистински ѕвезди во своите шоу програми“, се вели во последното соопштение на „ОРА Медиа“.

Лари Кинг се прослави со интервјуата емитувани на Си-Ен-Ен во неговото ток-шоу. Познатиот ТВ и радио водител беше една од најпознатите американски медиумски личности, која интервјуираше политичари, познати лица и други јавни личности. За време на својата кариера, тој има направено над 30.000 интервјуа.

Имаше вкупно осум брака, од кои последниот го склучи во 1997 година, a се разведе во 2010 година.

 

Поврзани содржини