Премиерот Зоран Заев објави на Фејсбук дека денеска на седница на Влада донеле одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, почнувајќи од 21 јануари.
Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети – објави Заев.
Во исто време, министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека следната недела, откако ќе ја анализираат епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот