ЕК работи на сертификат за вакцина за да се патува без негативен тест

Многу земји што се популарни туристички дестинации, како што се Грција и Малта, го поддржуваат планот, додека други, како што е Холандија, се резервирани.

507

Европската комисија работи на сертификат за вакцина, наречен „Вакспруф“, што може да помогне за воспоставување прекугранично патување, соопштија претставници на ЕУ, но планот ги поделил нациите на ЕУ

За тоа прашање се дискутира со месеци, но не е постигнат компромис поради страв од воздржување од вакцинирање и нарушување на приватноста.






Извршната комисија на ЕУ работи на систем за заемно признавање на сертификати на сите членки на ЕУ, што ќе докаже дека носителот на тој сертификат е вакциниран против новиот коронавирус и затоа не мора да се подложува на тестови по пристигнувањето во друга земја, велат двајца претставници на ЕУ за британски медиуми.

Комисијата треба да објави нова комуникација следната недела со препораки за зајакнување на координацијата против пандемијата, но не е јасно дали деталните предлози за „Вакспруф“ ќе бидат вклучени во документот.

Многу земји што се популарни туристички дестинации, како што се Грција и Малта, го поддржуваат планот, додека други, како што е Холандија, се резервирани.

Поврзани содржини