Османи му одговори на Милошоски: Ајде да ги отвориме сите прашања за надворешната политика!

1,098
Како што најавив во моето годишно обраќање пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, подготвен сум да ги вложам сите напори за да создадеме услови низ транспарентна постапка да ги отвориме сите прашања поврзани со надворешната политика, низ почести средби и тематски седници во рамките на Комисијата.

 

Ова е одговорот преку Фејсбук на министерот за надворешни работи Бујар Османи до пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој денеска во својство на претседател на собраниската Комисија за надворешна политика и пратеник  ги повика вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и Османи пред пратениците да го достават предлог-анексот врачен од Софија, уште во ноември минатата година.

 

Милошоски во писмо адресирано до Османи и Димитров, им порача да изберат термин што ќе им одговара во периодот од 15 до 29 јануари и да излезат пред Комисијата.

„Притоа, ќе се согласите дека во духот на взаемната соработка од интерес на надворешната политика, треба да ги затвориме и останатите заостанати прашања, за што сакам да ве повикам да ја закажете и седницата на Комисијата за надворешна политика, на која ќе можат избраните предлог – амбасадори, кои веќе ги минале сите постапки и добиле согласност/агремани од земјите на упатување, да ги одбранат тезите пред пратениците, и да бидат упатени во соодветните дипломатско конзуларни  претставништва“, напиша Османи.

Поврзани содржини