Ким објави прва фотографија по гласините дека се разведува, сите го забележаа детаљот на левата рака ФОТО

2,158

Откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека еден од најпопуларните парови на светот, старлетата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се разведуваат, Ким со денови не се огласуваше по повод целата ситуација и ништо не објавуваше на својот инстаграм-профил, но сега конечно се појави со нова фотографија, пишува „Базфид“.

Таа позира во хулахопки и долна облека со цел да го промовира својот моден бренд „Скимс“, но еден детаљ на нејзината рака го привлече вниманието на обожавателите.






Како што може да се види на фотографиите, Ким не носи бурма, па многумина почнаа да шпекулираат дека на овој начин таа, всушност, ги потврдува гласините за развод.

За споредба, веднаш откако медиумите ја објавија веста, Ким ги избриша сите фотографии на кои не носела прстен, глумејќи пред следбениците да помислат дека таа, всушност, негира сè или се обидува да ги скрие семејните расправии далеку од очите на јавноста.

Но, се чини дека повеќе не се грижи кој што ќе мисли.

Да потсетиме, извор близок до парот изјавил за „Пејџ сикс“ дека Ким ангажирала адвокатка и поднела барање за развод откако „ѝ било доста од сè “.

 

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини