Германија очекува нормализирање на туризмот во текот на летото
На лето, според проценката на демохристијанскиот политичар, туристички патувања ќе бидат можни не само во рамките на Германија, туку и интерконтинентални патувања.
Германската Влада не смета на нормализирање на туристичкиот пазар пред летото, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за економија.
– Мислам дека следните два до три месеци ќе биде тешко да се замислат патувања – изјави германскиот владин комесар за туризам Томас Бареиш за германските медиуми.
Тој очекува туристичкиот пазар да почне да се опоравува во вториот квартал и целосно да заживее до летото.
На лето, според проценката на демохристијанскиот политичар, туристички патувања ќе бидат можни не само во рамките на Германија, туку и интерконтинентални патувања.
– Ако навистина успееме да ги вакцинираме повеќето граѓани во вториот квартал, ќе имаме релативно безбедна ситуација кога станува збор за патувања – рече Бареиш.