Чедомир Јовановиќ повторно заврши во болница

Тој беше позитивен на коронавирусoт во јули лани и разви тешка пневмонија, поради што беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

604

Лидерот на српската Либерално демократска партија, Чедомир Јовановиќ, денеска повторно е хоспитализиран.

Неговата сопруга Јелена Јовановиќ за „Танјуг“ изјави дека тој прво бил примен во ковид-амбуланта, по што бил пренесен во болницата „Драгиша Мишовиќ“, каде што попладнето му биле извршени детални анализи на белите дробови, срцето и стомакот, со цел да се утврдат причините за влошената здравствена состојба. Тој е сместен во одделот за хирургија.






Б.92“ објави дека Јовановиќ е свесен, комуникативен и е во стабилна состојба.

Јовановиќ беше позитивен на коронавирусoт во јули лани и разви тешка пневмонија, поради што беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Поврзани содржини