Брестовац ги повика Манасков, Стоилов и Маркоски, Македонија до последен момент ќе чека настап на СП
Проблеми со ковид-19 имаат Чешка и Шведска, ако некоја од нив откаже, Македонија ќе игра на мундијалот.
Македонската ракометна репрезентација се подготвува како да ќе настапува на Светското првенство во Египет, Брестовац и ракометарите чекаат откажување на некоја од селекциите кои треба да учествуваат.
Проблеми со ковид-19 имаат Чешка и Шведска, ако некоја од нив откаже, Македонија ќе игра на мундијалот.
Денеска во стројот се приклучија Стоилов, Мансков и Маркоски, а повикан бил и Гоце Георгиевски кој сепак не може да настапи поради лошата физичка подготвеност откако го прележа коронавирусот и долгата пауза од натпревари со Вардар.
Македонските ракометари утрово биле тестирани, се заоструваат и мерките за однесување на играчите во овој период, со цел нашата селекција да биде здрава за евентуален повик за настап на СП.
Македонија не успеа да се пласира по регуларен пат, но ние сме прва резерва за шампионатот кој започнува на 13 јануари.