Шест млади лица, Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Мијо Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ, ќе бидат погребани денеска пред црквата „Свети Јован“ во Ракатин.
Заедничката миса ја предводи бискупот мостарски-дувањски и апостолски админиастратор требињско-мркански Петар Палиќ.
Вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.
Четири девојки и четири момчиња трагично загинаа во новогодишната ноќ во Посушје.
Поради смртта на осумте млади лица во близина на Посушје во Босна и Херцеговина денеска е ден на жалост
Главниот викар на мостарско-дуванската бискупија, дон Жељко Мајиќ, изјавил за локалните медиуми дека цела Херцеговина во петокот потонала во тага.
Началникот на полицијата на Западнохерцеговската жупанија на БиХ, Милан Галиќ, изјавил за медиумите дека најверојатно осумтемина млади починале во несреќен случај.
Во саботата бил извршена и обдукцијата, од којашто наодите се испратени на токсиколошки вештачења.
Тинејџерите, сите на возраст од 19 години, најверојатно починале како последица од задушување со гас за уред за електрична енергија и затоплување. Нивните тела ги пронашле соседите откако утрината тропале на вратата за да ги проверат, бидејќи со часови никој не излегол од викендичката. Откако никој не им отворил, го скршиле едниот прозорец и влегле, тогаш ги виделе безживотните тела.